Лош старт на Медитеранските игри: Одбојкарите поразени од Египет

Одбојкарската репрезентација на Македонија го загуби воведниот натпревар на Медитеранските игри. Нашиот национален тим со 3-2 во сетови загуби од селекцијата на Египет. Во драматичен дуел, македонските одбојкари на крајот ја загубија потребната концентрација и не успеаја да стигнат до триумф во петтиот решавачки сет.

Египќаните го добија првиот сет со 26-24, а Македонија возврати идентично во вториот. Неизвесноста продолжи, а повторно Египет тесно го доби третиот сет со 25-23. Но, и македонските одбојкари со идентичен резултат беа подобри во четвртиот сет и обезбедија борба во петти сет. Тогаш падна концентрацијата, па Египет го комплетираше со 15-11 и стигна до прв триумф на одбојкарскиот турнир од Медитеранските игри.

Се вчитува...