Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, објави реномираниот француски спортски весник „Л’Екип“.
На 28 април, 27-годишниот Хакими го повреди бутниот мускул на десната нога на првиот натпревар од полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн и оттогаш не тренираше.
Според „Л’Екип“, Мароканецот нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, но ќе се опорави на време за да игра за Мароко на Светското првенство.
Финалето од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и ПСЖ ќе се игра на 30 мај во 18 часот во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
