Лоша вест за Реал: Реваншот против Челси наместо во Мадрид ќе го играат во Лондон

Фановите на Реал добија лоша вест, отакако одекна веста дека реваншот против Челси наместо во Мадрид, ќе бидат приморани да го одиграат во Лондон. Челси требаше да го пречека Реал Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а реваншот да се игра на „Бернабеу“, сепак тоа се промени.

Причината е што Атлетико Мадрид и Реал Мадрид не можат во исто време да го играат четвртфиналето на домашен терен.

Според правилата, Атлетико Мадрид си го задржа извлечениот термин затоа што како шампион на Шпанија има предност при оваа одлука. Реал Мадрид ќе го игра првиот меч на Бернабеу, а реваншот на „Стемфорд Бриџ“.

Се вчитува...