Лоша вест за Србите, Теодосиќ го пропушта Мундобаскетот во Кина

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ, многу веројатно ќе го пропушти Светското првенство во Кина кое почнува на 31 август. Тој заработи повреда на синоќешниот пријателски натпревар против Литванија и ја напушти играта по само пет минути на паркетот. Информациите се дека повредата не е воопшто наивна. Теодосиќ ја обновил повтедата на тетивата на стапалото.

Речиси е извесно дека Теодосиќ нема навреме да се опорави за да настапи на Мундобаскетот во Кина. Тој ја обновил старата повреда и има делумно напукнување на тетивата на стапалото. Сепак, лекарскиот тим на српската кошаркарска репрезентација до последен миг ќе се обидува да го опорави за настап капитенот на селекцијата.

Се вчитува...