Лошата последна четвртина го чинеше МЗТ Скопје пораз кај Сутјеска

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје по воведниот триумф од пред две недели, вечерва го забележа првиот пораз во второто по ранг регионално натпреварување, АБА 2 лигата. Тие вечерва беа поразени на гостувањето во Црна Гора кај Сутјеска со 83-77.

Аеродромци одиграа одлично во дефанзивата во првото полувреме па на пауза заминаа со позитива 27-37. Избраниците на Васко Атанасов како да се изгубија во вториот дел, а домаќините со одлична игра успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 83-77.

Смит Мекјуен со 20 поени беше прво име во таборот на МЗТ Скопје, додека кај победникот Кристофер Мартин постигна 19 поени.

Се вчитува...