Роџер Федерер го загуби статусот на милијардер откако тениската легенда остана без дел од своето богатство поради слабите резултати на компанијата во која тој е акционер.
Станува збор за „Он Холдинг“, компанија за спортска опрема во која Федерер има значаен сопственички удел, која не остварила резултати какви што се очекувале на пазарот.
Акциите на „Он Холдинг“ во вторникот накратко имаа пад од огромни 22%, па иако нешто подоцна дојде до мал раст, тоа значеше и сериозни загуби за Федерер како еден од најголемите акционери во оваа компанија.
Според најновото рангирањето на „Форбс“, Федерер сега е проценет на 827 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
