Лоши вести за Кузмановски: Скинати лигаменти, го чека сериозна пауза

Лоши вести за македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

По враќањето во Германија, неговиот клуб Вецлар информираше дека македонскиот ракометар има скинати лигаменти на зглобот од десната нога поради што го очекува сериозна пауза, иако од клубот не може точно да дефинираат колку ќе мора да биде надвор од терените.

„Кузмановски има скинати лигаменти на десната нога, повреда која ја заработи на мечот за Македонија против Турција во квалификациите за ЕП 2024. Медицинскиот оддел на Вецлар сè уште не може да прецизира колку ќе мора да паузира, но ќе направи сè што е можно за да го врати Кузмановски на терен што е можно побрзо“ – се вели во информацијата од Вецлар.

Се вчитува...