Тотенхем се соочува со огромни проблеми бидејќи на подготовките на новата сезона повреда заработи еден од најдобрите фудбалери во тимот, Џејмс Мадисон.
Англискиот репрезентативец предвреме го заврши натпреварот против Њукасл жалејќи се на повреда на коленото. По деталните прегледи утврдено е и најлошото сценарио, станува збор за пукнатина на лигаментот на десното колено.
Од таборот на англискиот тим не најавија кога 28-годишникот ќе се врати на теренот, но потврдија дека е потребен оперативен зафат па предвидувањата се дека можен камбек ќе биде во 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

