Лотито: Одбив 140 милиони за Милинковиќ-Савиќ, не е за продажба

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито изјави дека српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ не е на продажба, но може да си оди ако сам побара трансфер.

Тој самиот кажа дека ако се јави врвен клуб, е подготвен да разговара со играчот пред да донесе било каква одлука.

„Секогаш се зборува само за пари. Јас зборувам за техничките и личните квалитети на моите фудбалери. Сергеј не е на продажба. Никогаш не сум сакал да го продадам. За да го потпишете, треба некој да ви го продаде. Многу го ценам Сергеј, имаме одличен однос. Ако голем клуб покаже интерес, прво него ќе го прашам дали сака. Во мојот клубот приоритетот се односите, а не парите. Денеска постои проблем на почит кон играчите. Одбив понуда од 140 милиони евра за Сергеј“, рече Лотито.

Србинот во Лацио дојде во 2015 година од Генк за 10 милиони евра. За римскиот тим има речиси 300 натпревари и постигна 57 голови.

Се вчитува...