Лозано го исфрли Интер од ЛШ и доби понуда да дојде на „Џузепе Меаца“

Мексиканскиот интернационалец Ирвинг Лозано му загорчи животот на Интер и постигна гол на синоќешниот меч од ЛШ (1-1), а по ова веднаш доби и понуда да се пресели на „Џузепе Меаца“ од следната сезона. „Нероаѕурите“ доживеаја елиминација од елитното натпреварување и ќе продолжат во Лигата на Европа, а раководството на клубот се надева дека Лозано во иднина ќе го облече дресот на клубот.

Интер е подготвен да плати 40 милиони евра за одличниот крилен напаѓач, но за него се интересираат и Барселона, Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Наполи.

Се вчитува...