Барселона рутински стигна до втората победа во групата од ЛШ во која се наоѓа и Е. Пелистер откако каталонскиот гигант лесно ги освои бодовите на гостувањето против Загреб, триумфирајќи со 25-32. Победата беше најавена со беспрекорното прво полувреме што Барса го доби со 12-17, по што каталонците дополнително ја зголемија разликата до конечните „плус седум“.
Голманот Нилсен бранеше одлично и со 15 одбрани беше најзаслужен за победата, а најефикасни во таборот на Барса беа Мем, Јанц и Гомез Абелјо со по шест погодоци. Прв стрелец на Загреб во овој пораз беше Кларица со шест погодоци.
Фухсе Берлин стигна до огромна победа на тешкото гостување во Киелце со 32-37, меч во кој блескаа Гидсел со 13 гола и Милосављев со 17 успешни интервенции. Алекс Душебајев постигна девет гола за Киелце, недоволно за да се избегне овој пораз на домашен терен.
Пик Сегед по голема борба славеше над ПСЖ со 31-29, меч во кој отпорот на гостите беше скршен во последните четири минути. Смарасон ги постигна последните два гола, за вкупно седум погодоци за најдобриот стрелец за Пик Сегед, додека најефикасен кај ПСЖ беше Карлсон со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

