Фудбалерите на БОДО Глимт уште еднаш покажаа дека норвешкиот фудбал и тоа како оди во нагорна линија, откако вечерва славеа на гостувањето во Холандија кај НЕЦ Нијеминген со убедливи 1-3 во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман во Лигата на шампионите.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Фет во 25. минута, а до крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Хелмерсен од пенал во 44. минута. Во вториот дел на 0-3 зголеми Алесами во 50. минута, додека до крајот домаќините го ублажија поразот (1-3) преку Бишоф во 85. минута.
NEC Nijmegen 0-[3] Bodoe/Glimt – Haitam Aleesami 50'
byu/xggq insoccer
Победа од 3-0 на домашен терен забележа Селтик против австрискиот ЛАСК Линц. Во останатите мечеви од вечерашната понуда: Хапоел Бер Шива – Сабах Баку 2-1 и Слован Братислава – Целје 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
