Динамо Загреб умешно го запечати билетот за влез во плејофот за ЛШ откако хрватскиот првак славеше и на вториот дуел со Жалгирис, овојпат на гостински терен со 1-2.
„Модрите“ поведоа во раната фаза со 0-2 со головите на Kaчавенда и Мишиќ, а во 30. минута Динамо неочекувано остана со играч помалку по директниот црвен картон што му беше покажан на Филиповиќ. Жалгирис постигна погодок пред рајот на првото полувреме, но Литванците не успеаја да стигнат ниту до реми, камоли да ги замрсат сметките на хрватскиот гигант во овој двомеч.
Следен противник на Динамо Загреб ќе биде норвешкиот првак Викинг.
Норвешкиот вицешампион Бодо Глимт исто така ќе се најде во плејофот за влез во ЛШ откако по голема борба успеа да го елиминира белгискиот Унион Сан Жилоа. Првиот дуел во Белгија заврши 3-3, денешниот реванш во Норвешка беше 2-2 по регуларните 90 минути, а клучен се покажа погодокот на Хелмерсен во 117. минута.
Најпријатно изненадување го приреди Сабах од Азербејџан, кој по негативата од 1-2 на реваншот го декласираше дански Архус со 4-0 и се избори за место во плејофот, каде го очекува подобриот од двомечот Црвена Звезда – Хапоел Бер Шева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
