ЛШ, ПОЛУВРЕМЕ: Ливерпул „гази“ во Лисабон, Сити не го проби „бункерот“ на Атлетико (ВИДЕО)

Ливерпул има одлична предност од 0-2 на гостувањето во Лисабон кај Бенфика, додека Сити и Атлетико играат без голови на „Етихад“. Ова е исходот по првото полувреме од двата први четврфинални натпревари во Лигата на шампионите.

Конате во 17. минута донесе водство, а во 34. минута Мане зголеми 0-2 за Ливерпул. Херој на Бенфика е голманот Влаходимос кој одбрани 4-5 чисти шанси на гостинските играчи.

Во Манчестер, пак, без многу шанси. Чоло Симеоне игра бункер на „Етихад“, а тоа тешко да го пробијат играчите на Сити. Атлетико чека шанса од контра, но засега ја нема.

Се вчитува...