ЛШ само сон: Нова европска шлаканица за Црвена Звезда

Црвена Звезда доживеа ново европско фијаско откако српскиот првак беше елиминиран во третото квалификациско коло за ЛШ, губејќи ги и двата меча од израелскиот Хапоел Бер Шева.

Првиот дуел заврши со минимални 1-0 за Израелците, „црвено-белите“ беа суперфаворити на реваншот на преполниот стадион во Белград, но се случи спротивното. Хапоел беше тимот што одигра подобар меч на „Рајко Митиќ“, знаеше да ги искористи своите шанси и славеше со 0-2, за нов ладен туш на „црвено-белите“ кои лани беа елиминирани од кипарски Пафос, а сега истата судбина ја доживеаја од уште еден ривал против кој важеа за фаворити.

Српкиот тим одигра потпросечно прво полувреме кое заврши без голови, по што Станковиќ на стартот од вториот дел го уфрли Марко Арнаутовиќ. Букари промаши зицер при 0-0, по што Хапоел повторно влезе во ритам, успевајќи да постигне и два погодоци, дело на Златановиќ и на Ист.

За немоќта на „црвено-белите“ најдобро говори и фактот дека спрскиот тим доби двацрвени картони, и тоа тренерот Дејан Станковиќ и големото летно засилување Абу Фани.

Се вчитува...