ЛШ: Шкендија доби „тројка“ од Салцбург (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкендија загуби со убедливи 3-0 од Салцбург во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Два гола австрискиот тим постигна од пенал, но тоа не ја намалува заслужената радост на домашните фудбалери. Двоен стрелец беше Мунас Дабур во првото полувреме, а погоди и Диадие Самасеку во завршницата од мечот.

Салцбург поведе во 16.минута. Тотре го собори Мунас Дабур во шеснаесетникот, а судијата Агајев досуди пенал. Ударот од белата точка го реализираше Дабур и австрискиот првак стигна до водство. По ова, Волф имаше сериозна закана од далечина, но Захов успеа да исфрли во корнер.

Во 27.минута, Бесарт Ибраими беше во одлична шанса, влезе во шеснаесетникот, но домашниот голман Цицан Станковиќ успеа да одбрани. Потоа и Бејтулаи беше во можност, но Станковиќ повторно одбрани.

Пред самиот истек на првиот дел, Салцбург поведе со 2-0. Јунузовиќ изведе слободен удар, а Мунас Дабур со удар со глава го постигна вториот гол за својот тим.

Во 53.минута, Стенио Жуниор се закани од левата страна, но Станковиќ и третпат одлично интервенираше. Само две минути подоцна, Волф излезе сам пред Захов, но за среќа, шутираше крај голот.

Ибраими уште еднаш се закани без ефект, а во финишот беше досуден втор пенал за Салцбург. Во 81.минута успешен реализатор беше Диадие Самасеку, кој го донесе Салцбург во водство од 3-0. Три минути подоцна австрискиот првак остана со играч помалку поради исклучувањето на Златко Јунузовиќ, но до крајот остана истиот резултат, а најголема возбуда беше периодот кога снема електрична енергија на стадионот поради силниот дожд. Сепак, натпреварот брзо продолжи и заврши до самиот крај.

Салцбург ќе допатува на реваншот во Скопје на 14.август со убедливи три гола предност.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

САЛЦБУРГ – ШКЕНДИЈА 3-0 (2-0)

Стадион во Салцбург. Гледачи: 10.000. Судија: Алијар Агајев (Азербејџан). Стрелец: Дабур 16’ пен., 45’, Самасеку пен. 81’ (Салцбург). Ж. картони: Јунузовиќ (Салцбург), Мурати, Нафиу (Шкендија). Ц. картон: Јунузовиќ (Салцбург)

САЛЦБУРГ: Станковиќ, Лаинер, Рамалјо, Понграчиќ, Улмер, Самасеку, Јунузовиќ, Волф, Шлагер (83’ Мвепу), Јабо (73’ Минамино), Дабур (90’ Дака).

ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Муслиу, Адили, Мурати (76’ Мици), Алими, Тотре, Селмани (62’ Емини), Нафиу, Жуниор (90’ Шефити), Ибраими.

Се вчитува...