Македонскиот првак Шкендија се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, елиминирајќи го молдавскиот претставник Шериф Тираспол. Тимот на Ќатип Османи ремизираше без голови на реваншот, а голот на Бесарт Ибраими за триумф од 1-0 во Скопје се покажа како клучен за пласман во следната рунда. Следен противник на Шкендија ќе биде австрискиот првак Ред Бул Салцбург.
Шериф немаше сили за да го пробие бедемот на Шкендија. Ќатип Османи не постави дефанзивна тактика, но, сепак, го остави молдавскиот тим да го брка потребниот гол за водство, и за анулирање на негативата од првиот меч. Најблиску до тоа беше Копиќ кој во 24.минута ја погоди стативата, но мрежата на Захов не се тресеше.
На спротивната страна, Шкендија се закануваше преку противнапади, најчесто преку Ибраими и Жуниор.
Во самиот финиш, Шериф Тираспол тргна на се или ништо, нападна со сите сили, но одбраната на Шкендија делуваше цврсто и компактно до самиот крај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА