ЛШ, СОСТАВИ: Клоп почнува со Жота и без Диаз, Морено се враќа кај Вилјареал

Вечерва ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампионите. Ливерпул ќе ја брани предноста од 2-0 против Вилјареал, стекната на првиот меч на „Енфилд“.

Токму од тука Вилјареал тргнува со нешто поофанзивна формација, и со двајца истурени напаѓачи во името на Диа и Морено, Ло Селсо и Кокелан треба да дејствуваат по страничните позиции, а Капуе и Парехо кон средината. Албиол и Торес како стопери, и Фојт и Еступињан како бекови. На голот е Рули.

Кај Ливерпул, пак, Јирген Клоп и покрај предноста, се реши да го изведе на теренот најсилниот состав. Алисон ќе биде на голот, додека Арнолд, Конате, Ван Дајк и Робертсон стандарно во одбраната. Средината ќе биде сочинета од Кеита, Фабињо и Тиаго, додека во нападот Салах, Мане и Жота. Недостасува од првиот меч Луис Диаз кој ќе чека шанса од клупата.

Се вчитува...