Вардар е најпријатното изненадување по комплетирањето на третото коло од Лигата на шампионите, откако македонскиот првак излезе како победник од тешкото гостување во Веспрем. Иако групата на „вардарци“ се нарекува „група на смртта“, тоа очигледно е само мотив повеќе за Парондо и неговите избраници да продолжат по патеката по која „вардарци“ се движеа и лани под водство на Раул Гонзалес.
Токму „Ел команданте“ со ПСЖ е вториот тим со пефектен ефект во елитните групи А и Б, откако Раул ја доби битката со Лино Червар во Загреб со убедливи 21-32. Третиот непобедлив состав е Пик Сегед, во чии редови настапуваат поранешните „вардарци“ Македа и Канелјас.
Најголемо разочарување дефинитивно е актуелниот европски првак Монпелје, кој и по три одиграни кола се уште е без ниту еден единствен бод. Францускиот состав денеска го пречека Кјелце и загуби со 26-29, за продлабочување на кризата која се одразува и во домашното првенство, каде Монпелје пред неколку дена претрпе пораз од Нант. Во главна улога кај Кјелце беше Алекс Душебајев, кој со десет гола го торпедираше европскиот шампион.
ГРУПА А: Рајн-Некар Левен – Мешков Брест 33-27, Веспрем – Вардар 25-27, Кристијанштад – Барселона 25-44, Монпелје – Кјелце 26-29.
Табела: Вардар 6, Барселона 4, Рајн-Некар Левен 4, Мешков Брест 4, Кјелце 4, Веспрем 2, Монпелје 0, Кристијанштад 0.
ГРУПА Б: Загреб – ПСЖ 21-32, Нант – Скјерн 35-27, Целје – Фленсбург 23-20, Мотор – Пик Сегед 31-32.
Табела: ПСЖ 6, Пик Сегед 6, Скјерн 4, Нант 2, Фленсбург 2, Целје 2, Загреб 2, Скјерн 0.
ГРУПА Ц: Чеховски медведи – Бешикташ 22-24, Спортинг – Бјерингбро 32-35, Металург – Татран Прешов 24-29.
Табела: Татран Прешов 6, Бјерингбро 4, Спортинг 4, Бјерингбро 4, Чеховски медведи 0, Металург 0.
ГРУПА Д: Висла – Кокс 34-18, Динамо Б. – Вакер Тун 35-34, Елверум – Адемар Леон 30-25.
Табела: Висла 6, Динамо Б. 4, Адемар Леон 3, Елверум 2, Кокс , Тун 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА