ЛШ во 2029 година на новиот „Камп Ноу“ во Барселона?

Стадионот „Камп Ноу“ во Барселона, е моментално прв фаворит за домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година. УЕФА во септември ќе донесе конечна одлука, а покрај стадионот во Барселона, во конкуренција е и лондонски Вембли.

Главниот адут на реновираниот Камп Ноу е неговиот огромен капацитет. Стадионот треба да може да прими околу 105.000 гледачи, што би овозможило многу полесна распределба на билетите за навивачите на двата финалисти.

Дополнителен аргумент во корист на Барселона е фактот што Камп Ноу одамна нема организирано финале на најелитното европско натпреварување. Последен пат тоа се случи во 1999 година, кога Манчестер Јунајтед со спектакуларен пресврт го совлада Баерн Минхен со 2-1. Претходно, стадионот беше домаќин и на финалето во 1989 година.

Од друга страна, Вембли неодамна беше домаќин на финалето во 2024 година, а повторно ќе биде во центарот на вниманието со организацијата на полуфиналињата и финалето на Европското првенство во 2028 година. Токму поради тоа, УЕФА наводно сака да избегне пречесто доделување на најголемите натпревари на исти стадиони.

Коначната одлука треба да биде донесена во септември 2026 година, а според актуелните информации, Камп Ноу има најголеми шанси да ја добие организацијата.

Се вчитува...