Лу го изневери Леброн и замина кај лутиот ривал

Тајрон Лу важи за омилен тренер на Леброн Џејмс, „кралот“ дури и се обиде да го доведе за шеф на стручниот штаб на ЛА Лејкерс, но откако не успеа во тоа „одмаздата“ беше сурова – 42.годишниот стратег реши да замине во редовите на лутиот ривал ЛА Клиперс.

Док Риверс соработуваше со Лу во Бостон (2011-2013) и во ЛА Клиперс (2013-14), а откако собра извонреден тимз а напад на титулата, овој стратег повторно му се обрати на својот поранешен прв асистент. Во ситуација кога нема ангажман, Тајрон Лу ја прифати понудата за да му помага на Риверс.

Леброн сигурно ќе биде разочаран по беспрекорната соработка што ја имаше со овој стратег додека заедно беа дела од Кливленд. Лу и Џејмс заедно стигнаа до три финалиња во НБА-лигата, воедно и до победата и шампионскиот трофеј во 2016 година.

Се вчитува...