Љубомир Младеновски потпиша за Работнички

Љубомир Младеновски потпиша договор со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички. Договорот е отворен до крајот на сезоната, што значи дека доколку центарот пронајде ангажман во странство ќе може во секој момент да го напушти тимот од „Градски парк“.

Младеновски кариерата ја почна токму во Работнички од каде во 2013. година премина во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, со кого минатата сезона ја освои титулата во домашното првенство. Центарот е шести нов кошаркар кај „центарци“ кои покрај Младеновски во своите редови ги доведоа и Хејден Лесколт, Двејн Бенџамин, Данило Мијатовиќ, Стеван Глигоријевиќ и Горан Главчев.

Се вчитува...