Љубов во рингот – Кличко си најде девојка боксерка

Украинскиот боксер Владимир Кличко, по разделбата со актерката Хејдер Пенетиер со која има тригодишна ќерка,  сега покрај себе има нова девојка.

По бурната врска со холивудската актерка, на 42-годишниот Украинец му се смени вкусот и си најде девојка од светот на боксот. Кличко е во врска со првата дама во боксот – Сесилија Брекхаус.

37-годишната боксерка е родена во Колумбија, но уште од петгодишна возраст живее во Норвешка. До 13-годишна возраст Сесилија се занимава со кик-бокс, а потоа се префрла во бокс. Во аматерскиот ринг има 75 победи во 80 меча.

За да се префрли во професионалниот бокс, Сесилија Брекхаус се преселува во Германија и таму гради успешна кариера. Во 2017 година беше прогласена за боксерка на годината. Таа е и единствената жена што станала апсолутен светски шампион  и што успеала да ги обедини титулите од сите боксерски федерации – ВБА, ВБЦ, ВБО, ИБФ и ИБО.

Во професионалниот ринг, Сесилија Брекхаус  има 34 победи од исто толку мечеви од кои девет со нокаут. Таа е најдобрата боксерка во светот, но и една од наатрактивните спортистки во рингот.

Од 2015 година таа е дел од промотерската компанија на браќата Кличко „K2 Promotions“. Заради овој ангажман сесилија често гостува во Киев и пријателството со Владимир Кличко прераснува во љубовна врска.

Сесилија присуствуваше на последните борби на Украинецот како негов специјален гостин. Боксерската двојка често е заедно и во професионалниот и во приватниот живот, а нивните заеднички фотографии брзо се најдоа и на насловните страници.

Се вчитува...