Лучијано Моџи: Јувентус им е алиби на „лузерите“

Поранешниот прв оперативец на Јувентус, Лучијано Моџи, застана во цврста одбрана на својот клуб нарекувајќи го „лузери“ сите оние кои го критикуваат гигантот од Торино. Откако челниците и фудбалерите на Наполи остро ја критикуваа арбитражата на првиот полуфинален меч од Купот на Италија, Моџи го даде својот став за контроверзниот натпревар, навраќајќи се и на минатото во кое тој беше меѓу казнетите за скандалот „Калчополи“.

Ништо не е променето – Јувентус им е алиби на „лузерите“, во случајов на Наполи, исто како што тоа беше случај и во 2006 година. Го гледав натпреварот и не видов причина поради која „наполитанците“ би биле толку бесни. Тие во Јуве го бараат алибито за својот неуспех и пораз. Истото беше случај и во 2006 година, и тогаш го имав овој став – во Италија не ти е дозволено да бидеш супериорен. Еве ви пример – на последниот меч Сасуоло Милан имаше чист пенал за домаќините што не беше досуден и сите го премолчеа. Тоа е сосема нормално, но одредена судиска одлука во корист на Јувентус секогаш крева прашина. Оние кои разбираат фудбал можеби ќе кажат дека Наполи играл добро, но треба да се биде искрен и да се признае дека овој тим нема потенцијал за да освои некој трофеј. Тоа е вистината, се допаѓала некому или не“ – изјави Моџи.

Се вчитува...