Луд финиш во Истанбул со еден од најдобрите „камбека“ во историјата – осум поени за 20 секунди (ВИДЕО)

Вчеравечер во Турција започна плејофот на првенството, а судејќи по четвртфиналниот натпревар помеѓу Фенербахче и Дарушафака, не очекува пеколно разигрување. Имено, избраниците на Кокошков стигнаа до предност во серијата откако по продолженија го совладаа гостинот со 103-91, но Дарушафака беше онаа која го одбележа натпреварот.

Гостите имаа „минус“ осум на 20 секунди до крајот и се чинеше дека Фенербахче рутински ќе приреди крај на средбата, но опуштањето на домаќините го искористија кошаркарите во „зелено-црно“ кои прво постигнаа тројка од осум метра, па украдоа топка и забија, за на четири секунди пред крајот повторно да ја земат топката од рацете на домаќините и со звукот на сирената да донесат ново изедначување.

Се вчитува...