Италијанецот Лучано Дардери ја воодушеви домашната публика во Рим откако го елиминираше вториот носител Александар Зверев на Мастерсот во вечниот град.
Во натпревар што траеше два часа и 26 минути, Дардери славеше со 2-1 (1-6, 7-6, 6-0).
Зверев доминираше во првиот сет и навести дека може да го исчисти својот ривал. Сепак, заглави во вториот сет, иако двапати имаше предност од брејкот и сервираше за победа на 5-4.
Потоа, во тај-брејкот, Германецот имаше дури четири меч-топки, но ги промаши и Дардери преживеа. А потоа целосно го понижи Зверев.
THE COMEBACK KING 👑
Darderi saves FOUR match points and comes from a set and a break down to beat Zverev!#IBI26 pic.twitter.com/p3ZKsw6HfP
— Tennis TV (@TennisTV) May 12, 2026
Зверев не постоеше во третиот сет, во кој го загуби со 6-0.
Дардери ќе игра во четвртфиналето против младиот шпански надеж Рафаел Ходар, кој го елиминираше Леонардо Тиен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
