Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим победувајќи го сонародникот Андреа Пелегрино.
Првиот рекет на светот го надигра 155-от на АТП листата за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
Со тоа, Синер го израмни рекордот на Новак Ѓоковиќ во бројот на едноподруго победи на турнирите од Мастерс серијата – 31.
За да го собори, ќе треба да го добие следниот натпревар во кој ќе се сретне со подобриот од дуелот Рубљов – Басилашвили.
Cruise control 🚢
Jannik Sinner eases Past Pellegrino 6-2 6-3 and collects his 31st consecutive Masters 1000 match victory!#IBI26 pic.twitter.com/Z3b5Hl9pv5
— Tennis TV (@TennisTV) May 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
