Луд почеток на Мото ГП: Довициозо најбрз пред Маркез

Андреа Довициозо е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП шампионатот, откако возачот на Дукати извозе фантастично на трката во Катар, по голема битка триумфирајќи пред Марк Маркез и Валентино Роси.

Долго време на чело на колоната се наоѓаше Зарко, кој и ја стартуваше трката од пол-позицијата. Одличен старт имаше Валентино Роси, кој тргна од осмата, а само по три круга се најде на втората позиција. Сепак, „докторот“ не го издржа темпото, додека Довициозо возеше се подобро, еден по еден ги минуваше ривалите, па по голема битка успеа да ја заврши трката пред Маркез. Шпанецот на последниот свиок успеа да го мине Довициозо, но италијанскиот возач возврати и за 0,029 секунди подобро од големиот ривал.

Актуелниот шампион Марк Маркез на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција, пред Валентино Роси, Крачлоу, Петруци, Вињалес…

За одбележување е новото очајно издание на поранешниот шампион Хорхе Лоренцо, кој излета од патеката и воопшто не ја заврши трката.

Се вчитува...