Луд пресврт на Сан Антонио, за четири секунди до победа (ВИДЕО)

Од праг на победа, кошаркарите на Феникс Санс запишаа пораз против Сан Антонио. Гостите славеа 115-114, и покрај тоа што губеа во текот на целиот меч. Пет минути пред крајот губеа и 10 разлика, 20 секунди пред крајот три разлика, а домашните имаа напад а потврда на победата.

Но, еден „отпадок“ го собра и заби Виктор Бембанјама шест секунди пред крајот, за потоа една топка да украде Келдон Џонсон и да погоди за победа. Кевин Дурент направи голема грешка, и ја загуби топката.

Њујорк Никс лесно го доби дуелот со Кливленд на гости, додека ЛА Клиперс на свој терен ја одбрани честа на домашните екипи ноќеска и славеше над Орландо со 118-102.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Њујорк 91-109
Феникс – Сан Антонио 114-115
ЛА Клиперс – Орландо 118-102

Се вчитува...