Луда лотарија: Њу Орлеанс го доби првиот пик на НБА драфтот (ВИДЕО)

Њу Орлеанс имаше најмногу среќа на лотаријата што ги одреди позициите за избор на НБА драфтот кој ќе биде одржан следниот месец. „Пеликанс“ ќе го имаат правото на првиот пик и се во пол позиција да го изберат Зајон Вилијамсон, ѕвездата на универзитетот Дјук. Очекувањата од Вилијамсон се огромни, тој привлекува внимание какво што не е видено од појавувањето на Леброн Џејмс во 2003 година.

Втор на драфтот ќе биде Мемфис, а потоа се Лос Анџелес Лејкерс и Њујорк. Првпат во историјата, лотаријата беше програмирана така што трите најслаби тима имаа идентични 14 проценти шанса да го добијат првиот пик. Според претходната структура, „никс“ кои беа најслабиот тим во лигата сезонава ќе имаа поголеми шанси од сите останати или 25 проценти.

 

Се вчитува...