Луда статистика: Фудбалот е игра во која Италија шутира, а Македонија победува

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Македонија ја елиминираше моќната Италија во баражот од квалификациите за СП 2022, фрлајќи го на колена актуелниот европски првак, кој вторпат по ред останува без мундијалски пласман.

Секоја чест на Боби Милевски за поставената тактика која вроди со плод, Македонија играше затворено и трпеливо ја чекаше својата шанса, за во 92. минута да ги фрлиме „аѕурите“ во очај, за еуфорично славје на они 2000 македонски фанови во Палермо.

А статистиката беше целосно на страната на домаќините, Италија имаше 61% од поседот над топката, 16-0 во корнери, 32-4 во вкупни обиди кон голот, 5-2 во шутеви во рамки на голот…

Сепак, фудбалот е игра во која статистиката несекогаш е одлучувачка. Или како што е случајот денеска, игра во која Италија шутира, а Македонија победува.

Се вчитува...