„Луда тројка“ на Татум од половина терен за победа во мечот на највештите во НБА (ВИДЕО)

Џејсон Татум е победник во натпреварот во вештини на НБА Ол-стар викендот кој се одржува во Шарлот.

Во ова натпреварување учествуваа Никола Вучевиќ, Никола Јокич, Мајк Конли, Џејсон Татум, Кајл Кузма, Треј Јанг и Дарон Фокс, а на крајот победата ја однесе кошаркарот на Бостон.

Татум иако не беше меѓу фаворитите успеа да ги елиминира Мајк Конли и Никола Јокиќ, а во финалето го победи и Треј Јанг и тоа на повеќе од специфичен начин. Јанг имаше предност во брзината. Се чинеше дека оди кон победа, па Татум одлучи да го победи со обид за три поени од повеќе од половина терен. И успеа во тоа!

Се вчитува...