Луди 20 минути на ФФМ – Четири гола, еден црвен картон на мечот на репрезентацијата до 19 години против Норвешка

Неверојатен старт ни донесе натпреварот меѓу фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години против соодветната репрезентација на Норвешка кој се игра на тренинг комплексот на ФФМ, а е дел од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година.

По 20 минути игра на комплексот на ФФМ резултатот е 2-2, а гостите добија и црвен картон. Се почна во 4. минута со директниот црвен картон на играчот на гостите Егели. Нашите надежи ја искористија бројчаната надмоќ и до водство дојдоа преку Зенку во 6. минута.

Норвежаните израмнија на 1-1 Нуса во 12, а само четири минути подоцна стигнаа и до шокатно водство од 2-1 со погодокот на Хансен. Во 20. минута „црвено-жолтите“ израмнија на 2-2 преку Трајков.

Се вчитува...