Лудило на „Де ла Керамика“: Вилјареал го казни слабиот Ливерпул и поведе 2-0 (ВИДЕО)

Неверојатно е она што се случува вечерва на стадионот „Де ла Керамика“ во Вилјареал. Води домашниот тим со 2-0, и ја стигна предноста од „Енфилд“ стекната минатата седмица.

„Жолтата подморница“ се надмина себе си и дојде до 2-0, иако треба да се напомене дека Ливерпул игра слаб натпревар со многу грешки. Претходно и сомнителна ситуација пред голот на Ливерпул, но не беше досуден пенал за Вилјареал. 

Во 3. минута Диа донесе водство, а во 41. Кокелан носи и 2-0. Две асистенции запиша Капуе.

Ливерпул како со нетрпение да ја чека паузата, во која Клоп ќе има и тоа како што да им каже на своите фудбалери кои ги изгубија „конците“ и целосно ја загубија средината на теренот.

Се вчитува...