Кошаркарот на Орландо, Мек МекКланг испиша историја во Сан Франциско, победувајќи на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот, третпат по ред.
Приреди извонредно шоу, постигнувајќи совршени резултати на сите четири забивања.
„Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука доаѓа до израз мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам”, рече МекКланг.
Покрај МекКланг, само Нејт Робинсон победил уште три пати, во 2006 година, а потоа и во 2009 и 2010 година.
МекКланг го направи првото забивање над автомобил, додека клучното последно беше над Иван Мобли, кој ја држеше топката зад главата. Она што беше особено интересно е што МекКланг го допре обрачот со топката пред да ја забие, воодушевувајќи ги сите.
Зад МекКланг заврши Стефон Касл од Сан Антонио, додека Матас Бузелис од Чикаго и Андре Џексон Јуниор го завршија натпреварувањето во првиот круг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА