Лудило: ПСЖ троши 280 милиони евра годишно само на плати на фудбалери

ПСЖ го осигура највредниот потпис во историјата на клубот откако синоќа го комплетираше трансферот на Лионел Меси, кој како слободен играч од Барсселона се пресели на „Паркот на принцовите“.

Францускиот вицепрвак е најактивниот европски гигант на пазарот летово, откако во изминатите два месеци ги потпиша и Ашраф Хакими од ПСЖ, Серхио Рамос од Реал Мадрид, потоа Џанлуиџи Донарума од Милан и Џини Вајналдум од Ливерпул. Со сите овие нови „ѕвезди“ во тимот, буџетот зза плати на ПСЖ скокна на неверојатни 280 милиони евра годишно.

Во анализата на француските медиуми, на врвот се наоѓа Меси со 40 милиони евра плата, пред Нејмар со 30 и Мбапе со 20 милиони евра. На следното скалило се Маркињос, Верати, Ди Марија, Донарума, Навас, Кимпембе и Икарди, кои заработуваат меѓу 10 и 15 милиони по сезона на „Паркот на принцовите“. Многу блиску до овие бројки се и Вајналдум и Хакими (9,8 милиони евра по сезона), кои добија значително зголемување во однос на платата што ја добиваа во Ливерпул, односно ПСЖ.

Паредес и Андер Ерера земаат плата од по 8,5 милиони евра во францускиот тим, а зад нив на листата се Дракслер со 7,6 и Геје со седум милиони евра по сезона. На листата на најслабо платени се наоѓаат Диало, Рафиња, Бернат, Сарабија, Керер, Курзава и Дагба.

Ал Келаифи дефинтивно не жали пари за составување на дрим-тим од кој се очекува остварување на врвната цел – кревање на пехарот во Лигата на Шампионите. Се чини дека Меси но и останатите летни трансфери се последните парчиња од овој мозаик.

Се вчитува...