Лудило во Париз: Навивачите ги окупираа улиците во очекување на фудбалскиот бог!

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, предизвика хаос во Париз, чии улици и аеродром се блокирани, иако сѐ уште не е ниту тргнат на пат кон „Градот на светлоста“ каде што се очекува да потпише договор со ПСЖ.

По неодамнешното збогување на Аргентинецот со Барселона, клубот во кој буквално израсна, сите информации велат дека тој кариерата ќе ја продолжи во францускиот клуб и тоа за годишна плата од 40 милиони евра. Навивачите на „светците“ веќе се подготвени за пристигнувањето на фудбалскиот Бог, со телефони за овековечување на моментот и со факели за прослава на доаѓањето на Меси.

Тие и вчера го чекаа аргентинскиот ас, но тој не пристигна, но за денеска има најава дека тој сигурно ќе дојде во Париз да го потпише договорот, за утре да биде и официјално промовиран и тоа на Ајфеловата кула, која, наводно, челниците на ПСЖ веќе ја имаат закупено.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...