„Лудилооо“ во Мадрид – Бензема од пенал го води „кралот“ кон европскиот трон (ВИДЕО)

Луд натпревар ни приредија фудбалерите на Реал Мадрид повторно сезонава. По кој знае кој пат беа отпишани, но тие повторно ги надминаа сите препреки и се на чекор до финале во Лигата на шампионите.

Откако во регуларните 90. минути со двата гола на Родриго во судиското надополнување успеаја да се спасат од бездната и да го одведат натпреварот во продолженија, таму по само четири минути стигнаа до погодок кој ги води во финалето.

Карим Бензема од пенал го матираше Едерсон и засега го води „кралот“ во Париз на дуел со Ливерпул.

 

Се вчитува...