Лудите барања на Меси: Еве зошто Лео морал да си замине од Барселона…

Лионел Меси ја игра својата втора сезона во ПСЖ, изненадувачки пресврт за играчот од кого се очекуваше до крајот на кариерата да си замине од Барселона.

Како што е познато, Меси се пресели во Париз откако Барселона поради големите финансиски проблеми не беше во можност да го депонира неговиот договор во Ла Лига, немајќи доволен буџет и покрај фактот дека Аргентинецот прифати значително намалување на платата.

Сепак, весникот „Ел Мундо“ открива детали од текот на преговорите и неколку услови што Меси ги барал од Барса, а кои биле неприфатливи за управата на каталонците.

Разговорите се почнати уште во јуни 2020 година, една година пред тој да си замине од „Камп Ноу“, а претседател на клубот во тоа време е Бартомеу. Лео инсистирал на приватна ложа за сите натпревари за неговото семејство и за семејството на Луис Суарез, добар пријател на Аргентинецот кој потоа беше избркан од клубот. Покрај тоа, Меси барал клубот да му обезбеди приватен авион за да има неколку патувања до татковината и назад во текот на самата сезона.

Десет милиони евра бил бонусот што Меси го барал за самиот потпис на договорот, но шокантно за Барса било што Аргентинецот инситирал сумата за предвремен раскин од 700 милиони евра да биде спуштена на неверојатни 10.000 евра.

Тој се согласи на намалување на платата за време на коронавирусот, но барал во новиот договор да биде ставена клаузула дека тие пари ќе му бидат вратени, и тоа со камата од три проценти.

Бартомеу начелно се согласил за голем дел од условите на Меси, освен за премијата при потписот и за спуштањето на клаузулата за раскин. Сепак, потоа на чело дошол Лапорта, по што преговорите почнале повторно од почеток, за на крајот Меси да си замине од Барса.

Се вчитува...