Лудница во Париз: ПСЖ за девет минути до пресврт против Баерн (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ брзо се врати по негативата и израмни на 1-1, а потоа и до предност од 2-1 за само девет минути. Откако Баерн поведе со 0-1 со голот од пенал на Кејн, израмни Кварацхелија кој убаво ја „измеша“ одбраната на Баерн, поточно Станишиќ, и погоди во малата мрежа на голот на Нојер.

Баерн Минхен веднаш имаше шанса да дојде до нова предност, но Олисе ја погоди стативата по мешаницата во петерецот.

Тоа го казни тимот на ПСЖ преку Жоао Невеш. Изведен корнер, а Невеш со глава го совлада Нојер и во 33. минута тимот од Париз веќе е во предност.

Се вчитува...