Лудница во Торонто – Како изгледа кога слави северот (ВИДЕО)

Канада ја слави првата титула во историјата на НБА лигата и прва титула во еден од четирите професионално спортови во САД од 1993. кога хокеј тимот на Торонто го освои трофејот во НХЛ лигата.

Кулминацијата се случи на шестиот натпревар од финалната серија, каде „репторси“ со 114-110 го совладаа бранителот на титулата Голден Стејт Вориорс, а на улиците на Торонто започна славјето кое траеше до раните утрински часови.

 

Се вчитува...