Лудо дерби на „северен Лондон“ – „Рабона“, пенал, црвен картон … на крајот Арсенал подобар од Тотенхем (ВИДЕО)

Арсенал го совлада Тотенхем со 2-1 во дербито на „Северен Лондон“ во 29. коло во англиската Премиер-лига. Ерик Ламела со најубавиот гол сезонава во 33. минута донесе водство за Тотенхем од 0-1. До крајот на првиот дел Одегард израмни на 1-1 во 44. минута.

Во второто полувреме по еден сомнителен пенал, Арсенал преку Лаказет дојде од водство до 1-2, што на крајот се покажа како доволно за триумф. Ламела во продолжение направи голема глупост по која брзо доби два жолти картони и го поништи мајсторскиот гол од првото полувреме.

 

 

 

 

 

Се вчитува...