„Лудо е ова да се прикажува како грабеж, како на Барселона да не ѝ досудија осум пенали“

Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона од четвртфиналето на Лигата на шампионите по трет пат, резервирајќи билети за полуфиналето каде што ќе се соочат со победникот од натпреварот меѓу Арсенал и Спортинг.

Голманот на Атлетико, Хуан Мусо кој го замени Јан Облак меѓу диреците, беше еден од јунаците, откако му одбрани „зицер“ на Фермин Лопез. Меѓутоа неговите коментари по натпреварот одеа во насока на поплаките на Барселона дека биле „ограбени“ во двата меча, и дека биле оштетени од судиите.

„Лудо е да се обидуваме да го прикажеме ова како грабеж. Како да не им биле досудени осум пенали. Имаме два прекршоци од нивните дефанзивци врз играч кој оди директно на гол. Тоа се црвени картони. Ако бараат пенал за прекршокот врз Фермин, тоа е удар кој се случува откако го одбранив ударот. Жал ми е за неговата повреда, сето тоа беше во жарот на борбата“, рече Мусо. 

Се вчитува...