Лудогорец, Олимпијакос, Хакен… во плеј-офот во Лигата на Европа

Со денешните реванш натпревари од плеј-офот во Лигата на Европа, познати се сите учесници во Лигата на Европа. Останува само да се види од Лигата на шампионите дали АЕК Атина или Динамо Загреб ќе продолжат во ова натпреварување.

Во следната фаза оди Карабах кој со победа од 1-2 го елиминираше Хелсинки на Дејан Илиев. Хакен со „петарда“ го совлада Жалгирис, додека Бреидаблик и покрај победата над Зрински, сепак, не успеа да оти во плеј-офот, со оглед дека тимот од БИХ победи на првиот меч со 6-2.

Шериф одигра 2-2 со БАТЕ и оди во следната фаза, а таму се пласираше и Славија Прага. Олимпијакос успеа да одигра 1-1 против Генк на гости и да обезбеди пласман во плеј-офот.

Таму ќе игра и бугарски Лудогорец кој со убедливи 5-1 ја совлада Астана, после поразот од првиот меч со 2-1.

Овие екипи заедно со поразените од Лигата на шампионите, ќе се борат за пласман во Лигата на Европа. Ова се двојките за плеј-офот:

Славија Прага – Зорја
Олимпијакос – Чукарички
Ројал Унион – Лугано
Лудогорец – Ајакс
Хакен – Абердин
ЛАСК – Зрински
Клаксвик – Шериф
Олимпија Љубљана – Карабах
Слован Братислава – АРИС Лимасол
Спарта Прага – АЕК/Динамо Загреб

Се вчитува...