„Лудото“ славје во соблекувалната на Монако (видео)

Фудбалерите на Монако имаат на што да бидат горди по елиминацијата на Манчестер сити и новиот пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Младиот состав на „кнезовите“ одговори на предизвикот, станувајќи прва екипа што стигнала до четвртфинале откако на првиот меч примила пет гола.

Радоста по последниот свиреж на судијата беше огромна, а еуфоријата продолжи и во соблекувалната, од каде се појавија и видеа од прославата, едно од нив објавено од страна на Радамел Фалкао, кој поради повреда го пропушти овој натпревар.

Се вчитува...