Коронавирусот со се поголем интензитет се шири и низ САД, а градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, јавно ги критикуваше НБА клубовите што вршат огромен број на тестирања врз своите кошаркари и вработени во период кога нема доволен број на тестови за луѓето кои имаат симптоми на Ковид-19.
Синоќа беше објавено дека четири кошаркари на Бруклин нетс, меѓу нив и Кевин Дурант, се позитивни на Ковид-19, но првиот човек на градот Њујорк смета дека спортистите не смеат да бидат приоритетни случаи во оваа борба.
„Им посакуваме брза рехабилитација. Сепак, со сета должна почит, не може комплетен НБА-тим да биде тестиран додека луѓе во критична состојба се на листа на чекање бидејќи нема тестови за сите. Едно треба да е јасно, тестирањето мора да биде вршено врз болни лица, лица со симптоми, не врз здрави луѓе“, порача Де Бласио преку својот твитер-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА