Луис Енрике: Дали сум легенда!? Не ме интересира тоа!

Шпанскиот тренер Луис Енрике ја освои третата титула европски шампион. Откако славеше за прв пат со Барселона во 2015 година, кога го победи Јувентус со 3-1 во финалето, сега две години едноподруго е шампион со ПСЖ.

Минатата година го демолираше Интер со 5-0, за да синоќа по пеналите биде подобар од Арсенал.

„Моите чувства се измешани, главно возбуда и замор. Освоивме две титули во Лигата на шампионите по ред, неверојатно. Ова е најдобриот момент од сезоната. Заслуживме да ја освоиме титулата. Беше многу тешко. Честитки до Арсенал, играа одлично. Се обидоа да играат според своите силни страни и да ја контролираат играта, но ние победивме. Дали сум легенда? Не ми е гајле за тоа“, рече Енрике.

Се вчитува...