Луис Енрике фасциниран од Гави: Тој е како вулкан кој еруптира (ВИДЕО)

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике му даде шанса на Гави да го запише својот 10-ти настап за репрезентацијата на само 17 години, но факт е дека бисерот на Барселона на ваквата доверба одговара со вонсериски настапи кои не се вообичаени за еден тинејџер.

Гави уште на првиот натпревар против Чешка стана најмладиот стрелец во историјата на репрезентацијата, а овојпат имаше ново брилијантно издание против Чесите, сега на домашен терен.

Младиот играч за врска на Барселона уште еднаш го презентираше својот раскошен фудбалски потенцијал и со леснотија се ослободуваше од чуварите, по што Луис Енрике не ја криеше својата фасцинираност.

„Гави е како вулкан кој еруптира. Верувајте, многу е тешко да не се заљубите во Гави, сигурен сум дека истото важи и за вас новинарите. Секој фудбалски фан сака да го гледа Гави. Едноставно немам совети за него што да прави на теренот. Тој се решава многу брзо и носи сам одлуки за тоа што ќе направи следно на теренот“, изјави Луис Енрике по победата над Чешка од 2-0.

 

 

Се вчитува...