Луис Енрике го објави списокот на Шпанија – Серхио Рамос нема да оди на Мундијалот во Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија го објави спикот на 26 фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство во Катар.

На списокот не се најде поранешниот капитен на Шпанија и во моментов фудбалер на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, а од претходно го нема ниту голманот Давид де Хеа. Од поодамна е познато дека Луис Енрике нема многу симпатии кон играчите кои имаат играно во двата клуба од Мадрид, Реал и Атлетико.

На списокот овојпат се најдоа само двајца фудбалери на Реал Мадрид, а се работи за Дани Карвахал и Марко Асенсио.

 

Се вчитува...