Луис Енрике: Јувентус ќе го рушам со осум напаѓачи!

Барселона во среда на реванш дуелот од четвртфиналето во ЛШ го пречекува Јувентус, кој во првиот натпревар ги разби Каталонците со 3-0.

Барселона сега мора да направи вистински подвиг за да ја надополни негативата. Пред еден месец се најде пред ист таков предизвик по оние први 0-4 од ПСЖ во осминафиналето, па во фуриозна завршница стигна до голема победа од 6-1.

Луис Енрике и пред дуелот со Јувентус најавува крајно офанзивец пристап, како повторно би стигнал до целта…

„Како планирам да го мина Јувентус? Така што ќе ги фрлам сите карти во напад, уште понапаѓачки од дуелот со ПСЖ. Сега сме во деликатна ситуација во која противникот може да ни наштети со помалку труд од претходно, но мора да играме подобро и тоа ќе го видите против Јувентус“ – вели Енрике, и дополнува:

„Подвигот против ПСЖ ни дава за право да веруваме и против Јувентус. Дали повторно ќе играме 3-4-3? Немаме што да загубиме, па мислам дека ќе се одлучам за уште поофанзивен пристап со дури осум напаѓачки настроени фудбалери. За да го елиминираме Јувентус сега секако ќе ни треба и хируршка прецизност“.

Се вчитува...